Македонија
Дознај прв
Дејан Николовски нов претседател на Онлајнмедиа.мк

Здружението на професионалните онлаjн-медиуми Онлајнмедиа.мк (Onlinemedia.mk) денеска одржа годишно Собрание на кое беше избран Дејан Николовски, главен и одговорен уредник на Нетпрес.мк за претседател на здружението.
Членовите на здружението му се заблагодарија на ангажманот на досегашниот претседател Владимир Кошевалиски, а сега работата ја презеде Дејан Николовски.
На состанокот се договорија наредните активности на Онлајнмедиа.мк во однос на измените во Изборниот законик, продолжување на преговорите со Владата за субвенционирање на медиумите, за регулацијата во однос на маркетинг буџетите и регистерот на порталите во АВМУ.

