Македонија

ПРОДОЛЖУВА СУДЕЊЕТО ЗА „ПУЛС“: Одбраната почнува со изведување докази, најавени 240 сведоци

Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Одбраната почнува со изведување докази и најави 240 сведоци.

ПРОДОЛЖУВА СУДЕЊЕТО ЗА „ПУЛС“: Одбраната почнува со изведување докази, најавени 240 сведоци
Фото: МРТ

Судењето за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани продолжува денеска во судницата во затворот „Идризово“, со изведување докази од страна на одбраната, која најавила дека ќе повика вкупно 240 сведоци.

Одбраната ќе изведува докази

На денешното рочиште продолжува доказната постапка на одбраната. Во претходното рочиште, Обвинителството изрази сериозни забелешки за трите вештачења, како и за работата на градежниот вештак Петре Русески.

Обвинителството оцени дека вештачењата не ги исполнуваат потребните законски, стручни и методолошки стандарди.

Оспорена проектната документација

Одбраната на обвинетата Милка Едровска, преку техничкиот советник Османли Јорго, ја оспори правната валидност на проектната документација од 2012 година.

Според нивните тврдења, документацијата била делумна и нецелосна, а не била ниту предмет на ревизија.

КОНТРОЛОРИ ОД УЈП ДОБИЛЕ ОЧИЛА И ЧАСОВНИК: Обвинети даночни контролори поради ПОТКУП поврзани со „Пулс“

Во пожарот загинаа 63 лица – продолжува судењето за „Пулс“

Во пожарот што избувна на 16 март 2025 година во дискотеката „Пулс“ во Кочани, животот го загубија 63 лица, додека повеќе од 200 беа повредени.

Судскиот процес за трагедијата започна на 19 ноември 2025 година.

ОЗНАКИ: пулс
Жан Митрев