Македонија
Дознај прв
ТИМОТ ВЕШТАЦИ СО НОВИ ДЕТАЛИ ЗА „ПУЛС“: Полиетиленскиот сунѓер не смеел да се користи за спуштен плафон

Тимот градежни вештаци со нови детали за „Пулс“
Тимот градежни вештаци од Градежниот факултет при УКИМ денеска на судското рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани одговараше на прашања за градежните зафати и материјалите вградени во објектот. Судскиот вештак и професор Горан Марковски посочи дека во објектот биле направени зафати кои претставуваат реконструкција, вклучително и поставувањето и отстранувањето на галериите.
Полиетиленскиот сунѓер не смеел да се користи за спуштен плафон
Во однос на материјалот на спуштениот плафон, Марковски објасни дека правилникот за заштита од пожари не дозволува употреба на материјали со праг на горење помал од 30 минути. Според него, полиетиленскиот сунѓер кој бил вграден во „Пулс“ не го исполнувал овој услов.
Вештакот посочи дека инвеститорот треба да побара проект од стручни лица кои знаат кои материјали може да се користат согласно намената на објектот. Тој додаде дека постои и законска ревизија на проектот, како и контрола при набавката и вградувањето на материјалите.

