Македонија

НОВИ ПРАВИЛА ЗА БОЛЕДУВАЊАТА: Матичниот лекар ќе може да издаде до пет дена, контролори ќе проверуваат каде се пациентите

НОВИ ПРАВИЛА ЗА БОЛЕДУВАЊАТА: Матичниот лекар ќе може да издаде до пет дена, контролори ќе проверуваат каде се пациентите

Фондот за здравствено осигурување подготвува промени во правилата за боледувањата, со кои се предвидува матичниот лекар самостојно да може да одобри боледување до пет дена, наместо досегашните седум. Директорот на ФЗО, Златко Перински, најави дека предлог-измените ќе бидат доставени до Управниот одбор на Фондот. Се планираат и дополнителни механизми за контрола на користењето на боледувањата, вклучително и заеднички контроли со други институции.

Контролорите би можеле по случаен избор или по пријава од работодавач да ја посетат адресата на која осигуреникот престојува додека е на боледување. Доколку лицето не биде пронајдено, ќе биде упатено пред соодветната лекарска комисија да објасни зошто не било на адресата. За резултатот од контролата ќе бидат информирани и работодавачите. Измените треба да бидат разгледани на седница на Управниот одбор следната недела, а доколку бидат усвоени, ќе биде потребна и согласност од Министерството за здравство.

Објавата наиде на коментари. Матичниот лекар ќе може да издаде до пет дена, контролори ќе проверуваат каде се пациентите.

Жан Митрев