Свет
Дознај прв
(ВИДЕО) МАСОВНА ТЕПАЧКА ПО МЕЧОТ: Хаос на теренот по натпреварот Унгарија – Украина
Голем инцидент го одбележа крајот на мечот Унгарија – Украина во Будимпешта, со масовна тепачка и туркање меѓу фудбалерите.

Тепачка во финишот
Голем инцидент го одбележа крајот на натпреварот меѓу Унгарија и Украина во Будимпешта. По еден остар старт во завршницата дошло до туркање и расправија меѓу фудбалерите на двете репрезентации. Во конфликтот се вклучиле повеќе играчи, а тензиите продолжиле и по последниот свиреж. Унгарија загуби со 0:1, а по завршувањето на мечот ситуацијата дополнително ескалирала.
Интервенирале и играчите од клупите
Во хаосот се вмешале и фудбалери кои биле на клупите, а на теренот дошло до нови туркања и вербални пресметки. Во еден момент унгарскиот капитен Доминик Собослај се најде во центарот на инцидентот по конфликтот со украинските репрезентативци. Судијата и останатите членови на стручните штабови се обидувале да ја смират ситуацијата, а по инцидентот биле покажани и неколку жолти картони.
View this post on Instagram
