Свет

(ВИДЕО) ИНЦИДЕНТ НА ФЕСТИВАЛ ВО УНГАРИЈА: Маж го полеа со вино премиерот Петер Маѓар

(ВИДЕО) ИНЦИДЕНТ НА ФЕСТИВАЛ ВО УНГАРИЈА: Маж го полеа со вино премиерот Петер Маѓар

Инцидент се случи за време на фестивал во унгарскиот град Сексард, каде што престојувал Петер Маѓар. На видеото се гледа како маж му приоѓа одзади и ја истура содржината од чашата врз Маѓар, по што веднаш реагира обезбедувањето и го отстранува од местото.

Маѓар подоцна ја објави снимката на социјалните мрежи и наведе дека станувало збор за вино. По инцидентот, тој останал на фестивалот и продолжил со средбите и разговорите со присутните.

Погледнете го видеото:

Маѓар веќе подолг период е мета на критики во Унгарија и напади.

(ВИДЕО) Минувач го плукна премиерот Петер Маѓар среде пренос во живо