Хроника
Дознај прв
ЧЕТВОРИЦА ОСОМНИЧЕНИ ЗА СЕРИЈА ТЕШКИ КРАЖБИ ВО ТЕТОВСКО: Штетата се проценува на стотици илјади евра
СВР Тетово поднесе кривична пријава против четири лица осомничени за десет тешки кражби и обиди, со штета од стотици илјади евра.

Украден сеф со злато, оружје и муниција
СВР Тетово поднесе кривична пријава против четири лица, осомничени за вкупно десет кривични дела – четири тешки кражби и шест обиди за тешка кражба. Според истрагата, на 19 септември од куќа во Долно Палчиште бил украден сеф со златен накит, оружје и муниција, при што штетата е проценета на околу 160.000 евра. Во друг случај, од куќа во истото село биле украдени златен накит и пари во вредност од околу 70.000 евра.
Кражби и во други објекти
Полицијата ги сомничи лицата и за провала во спортска обложувалница во Теарце, од каде со употреба на сила бил отворен сеф и биле одземени пари, како и за кражба на цигари од магацин на бензинска станица во Пирок. Истрагата покажала дека од април до септември годинава тие во уште шест наврати провалиле во куќи и други објекти во Камењане, Долно Палчиште, Нераште, Теарце и Радиовце, но не одзеле предмети. За случајот се пријавени Е.В. (43) од Никуштак, Х.А. (53) од Косово, А.А. (34) од Отља и Е.А. (34) од Никуштак. Истрагата продолжува.
