Македонија

АВИОН НА „РАЈАНЕР“ СЛЕТАЛ СО ГОРИВО ЗА ПОМАЛКУ ОД ТРИ МИНУТИ: 171 патник во драматичен лет низ силно невреме

Авион на „Рајанер“ со 171 патник слетал со само 363 килограми гориво по повеќе неуспешни обиди за слетување поради силното невреме.

АВИОН НА „РАЈАНЕР“ СЛЕТАЛ СО ГОРИВО ЗА ПОМАЛКУ ОД ТРИ МИНУТИ: 171 патник во драматичен лет низ силно невреме

Повеќе неуспешни обиди за слетување

Авион на „Рајанер“ на лет од Пиза за Прествик слетал со гориво доволно за помалку од три минути лет, откако поради силното невреме неколкупати морал да го прекине слетувањето. Инцидентот се случил на 3 октомври минатата година, а деталите сега се објавени во извештај на британскиот Оддел за истражување на воздухопловни несреќи (AAIB). Во авионот „Боинг“ имало 171 патник и шест членови на екипажот. Поради бурата „Ејми“, екипажот претходно наточил дополнително гориво поради очекуваните доцнења и можните пренасочувања.

Авионот останал со само 363 килограми гориво

По два неуспешни обиди за слетување во Прествик поради силното смолкнување на ветерот, пилотите побарале пренасочување кон Манчестер, но барањето било одбиено. Потоа се упатиле кон Единбург, каде што повторно морале да го прекинат слетувањето поради ветерот, по што прогласиле вонредна состојба и повторно се насочиле кон Манчестер. Авионот слетал со само 363 килограми гориво, иако пропишаната конечна резерва изнесувала 1.100 килограми. Според истрагата, потрошувачката во текот на маневрите достигнувала околу 120 килограми во минута, што значело дека авионот можел да остане без гориво за помалку од три минути доколку уште еднаш морал да го прекине слетувањето.

ОЗНАКИ: рајанер