Регион

(ВИДЕО) ПАНИКА ВО АВИОН НА РАЈАНЕР КОЈ ПОЛЕТАЛ ОД СОЛУН: Се скршил прозорец, за малку избегната трагедија

Паника во авион на Рајанер кој полетал од Солун. Се скршил прозорец, а според сопругата на патникот за малку била избегната трагедија.

(ВИДЕО) ПАНИКА ВО АВИОН НА РАЈАНЕР КОЈ ПОЛЕТАЛ ОД СОЛУН: Се скршил прозорец, за малку избегната трагедија

Авион на „Рајанер“ кој полетал од Солун морал принудно да се врати назад во Грција, откако за време на летот се случил сериозен инцидент во кабината. Според објавените информации, станува збор за летот FR1879 со авион „Боинг 737-8AS“, кој летал од Солун кон Меминген. Драмата се случила додека леталото било над македонското небо, кога наводно дел од оштетен мотор се одвоил и удрил во прозорец од кабината. Прозорецот се скршил, а 61-годишен патник од Србија бил повреден и по враќањето на авионот бил пренесен во болницата АХЕПА.

Паника во авион – Драмата се случила над Македонија

Авионот полетал од Солун, но летот бил прекинат откако проблемот бил забележан додека леталото се наоѓало над Македонија. Пилотите постапиле според безбедносните процедури и го вратиле авионот назад во Грција. Според локалните медиуми, дел од оштетениот мотор наводно се одвоил и удрил во прозорецот, што предизвикало паника меѓу патниците. По безбедното враќање, повредениот патник бил пренесен во болница, каде требало да му биде направена компјутерска томографија за да се утврди дали има скршеници.

Сопругата го задржала повредениот патник

Според сопругата на повредениот патник, за малку била избегната трагедија, бидејќи по кршењето на прозорецот телото на нејзиниот сопруг било повлечено кон отворот. Таа успеала да го задржи 61-годишниот патник, кој потоа бил пренесен во болницата АХЕПА со изгореници од триење. Лекарите треба да утврдат дали има и други повреди, вклучително и евентуални скршеници. Инцидентот предизвика голема вознемиреност, бидејќи се случил додека авионот бил во воздух, а снимките од кабината покажуваат паника и страв меѓу патниците.