Скопје
Дознај прв
„СКОПЈЕ Е БЕЗБЕДЕН ГРАД, МОЖАМ КАКО ЖЕНА ДА ОДАМ КАДЕ САКАМ БЕЗ СТРАВ“: Став на скопјанка за безбедноста во главниот град, вели дека е реткост во Европа

Познатата скопјанка „Мелеем“, која на Инстаграм споделува фотографии, идеи и содржини поврзани најчесто со дизајнот и архитектурата, овојпат објави личен став за безбедноста во Скопје.
Таа сподели фотографија направена под подвозник, објаснувајќи дека пешки го поминала тунелот без страв дека некој би можел да ја нападне. Како што раскажува, имала состанок во близина на трговскиот центар East Gate, до каде стигнала со автобус, а потоа одлучила пешки да се врати до Дебар Маало.
„Скопје е безбеден град и јас како женско можам без проблем да одам во сите населби. И не сум имала никаков проблем. Никогаш“, напиша таа. Според неа, чувството на безбедност при самостојно движење низ градот е голема реткост во многу европски градови.
Особено ги посочува подвозниците и сличните инфраструктурни објекти како места на кои жените во други европски градови не можат секогаш да се чувствуваат безбедно. На нејзиниот Фејсбук профил прашањето дали Скопје е безбеден град отвори голема дебата, но најголем дел се согласија со констатацијата.