Економија

(ВИДЕО) „ИЗНОСОТ Е ОПРЕДЕЛЕН СПОРЕД МИНИМАЛНАТА ПЛАТА“: Славески објасни зошто ограничувањето на вадење пари од Алта банка е 10.000 денари неделно

(ВИДЕО) „ИЗНОСОТ Е ОПРЕДЕЛЕН СПОРЕД МИНИМАЛНАТА ПЛАТА“: Славески објасни зошто ограничувањето на вадење пари од Алта банка е 10.000 денари неделно

Клиентите на Алта банка Битола ќе можат да повлекуваат по 10.000 денари неделно, а според гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, овој износ е повеќе од доволен. Тој објасни дека висината на неделното ограничување е утврдена врз основа на просечната месечна плата и пензија во земјава.

Славески посочи дека во ноември ќе има пет недели, што значи дека граѓаните ќе можат да повлечат вкупно 50.000 денари. Во гостувањето на ТВ Телма ги повика клиентите да бидат трпеливи и да имаат доверба во институциите, нагласувајќи дека нивните средства остануваат на сметките. Тој додаде дека ограничувањето е привремено и дека рокот за надминување на состојбата може да изнесува најмногу три месеци.

Славески информираше дека сопственикот има рок од три дена да ги понуди акциите на продажба, а доколку тоа не го направи, Народната банка ќе организира аукција. Најави и посебни шалтери за пензионерите кои немаат дебитни картички, преку кои ќе можат да повлекуваат до 20.000 денари.