Магазин
Дознај прв
КРИСТИНА АГИЛЕРА ПОВТОРНО ПРОВОЦИРА: Се фотографираше гола во када, интимните делови ги покри со еден детаљ
Кристина Агилера објави провокативна фотографија од када и најави подготовки за Ноќта на вештерките, но не откри каков костим подготвува.

Американската пејачка Кристина Агилера повторно го привлече вниманието на социјалните мрежи со провокативна фотографија. Овој пат таа позираше гола во када, а интимните делови од телото ги покри со внимателно поставен детаљ. Објавата предизвика бројни реакции кај нејзините следбеници, особено поради најавата дека подготвува изненадување за Ноќта на вештерките.

Кристина Агилера најави изненадување за Ноќта на вештерките
„Подготовки за Ноќта на вештерките во последен момент“, напиша пејачката покрај фотографијата, но не откри каков костим подготвува за претстојниот празник. Нејзината објава дополнително ја разбуди љубопитноста кај фановите, кои почнаа да шпекулираат за нејзиното овогодишно маскирање.

Фановите очекуваат и нова музика
Додека дел од следбениците упатија комплименти за нејзиниот изглед, други се пошегуваа дека со нетрпение очекуваат нова музика од пејачката. „Се надевам дека овогодинешниот костим е поврзан со наскоро објавување нова музика“, напиша еден корисник на социјалните мрежи.
