Свет

АВИОН СЕ УРНА ВО ГЕРМАНИЈА: тројца загинаа во падот на мал авион

Тројца загинаа откако мал авион „Цесна 172“ се урна во германската покраина Северна Рајна-Вестфалија. Истрагата за причините е во тек.

АВИОН СЕ УРНА ВО ГЕРМАНИЈА: тројца загинаа во падот на мал авион

Aвион – изгорел по падот

Тројца луѓе загинаа откако мал авион се урна во понеделникот во германската покраина Северна Рајна-Вестфалија, во близина на Еркеленц. Леталото паднало во поле и целосно изгорело, а од авионот останала само опашката. Станува збор за „Цесна 172“, која наутро полетала од областа северно од Утрехт во Холандија. Авионот влегол во германскиот воздушен простор кај автопатот А52, а околу 11:20 часот почнал да има проблеми во близина на Гердерат. Полицијата потврдила дека во авионот имало три лица и дека сите загинале во несреќата. Идентитетот на жртвите засега не е објавен, додека причините за падот ги утврдуваат надлежните органи.

Истрагата за причините е во тек

Во близина на местото на несреќата, на околу десет километри, се наоѓа малиот аеродром Еркеленц-Киховен. Надлежните служби работат на расчистување на околностите под кои дошло до падот. Засега нема официјални информации што го предизвикало проблемот со леталото.