Свет

17 ГОДИНИ ЗЕМАЛА ПЛАТА, А НЕ ОДРЖАЛА НИТУ ЕДЕН ЧАС: Наставничка во Германија се соочува со затворска казна

Наставничка од Германија е под истрага за измама откако речиси 17 години примала плата без да одржува настава. Се бараат враќање на пари.

17 ГОДИНИ ЗЕМАЛА ПЛАТА, А НЕ ОДРЖАЛА НИТУ ЕДЕН ЧАС: Наставничка во Германија се соочува со затворска казна
аи

Наставничка од Дизбург, Германија, е под истрага на јавното обвинителство поради сомневање за измама, откако речиси 17 години примала целосна плата, иако воопшто не одржувала настава. Според информациите пренесени од германските медиуми, таа формално била вработена како наставничка, но нејзиното отсуство траело со години. Регионалните власти на крајот наредиле нејзино принудно пензионирање, но таа ја оспорила одлуката и поднела тужба до Управниот суд во Дизбург.

Бараат враќање на стотици илјади евра во Германија

Наставничката сакала да продолжи да ја прима целосната плата, наместо стандардната пензија, која во нејзиниот случај би изнесувала околу 4.000 евра месечно. Обвинителството, пак, бара затворска казна, како и враќање на речиси 248.000 евра за кои постои сомневање дека биле незаконски присвоени. Случајот дополнително го привлече вниманието на јавноста поради наводите дека наставничката во меѓувреме имала и други деловни активности.

Работела и со козметички производи

Иако официјално била прогласена за целосно неспособна за работа, таа наводно развивала козметички производи и добивала претприемачка награда. Случајот предизвика реакции и поради сериозниот недостиг на наставници во Дизбург, каде што 128 училишта опслужуваат околу 70.000 ученици. Локалните власти со години се обидуваат да привлечат нов наставен кадар преку посебни кампањи, финансиски стимулации и привремено сместување без плаќање кирија.

ОЗНАКИ: германија