Свет

Германија воведува дигитална лична карта во јануари

Германија воведува дигитална лична карта во јануари
Фото: RBB24

Германија од 2 јануари 2027 година ќе воведе дигитален паричник за чување лични документи на мобилен телефон. Германскиот парламент донесе закон со кој се овозможува користење на апликацијата „d-you“ за дигитално потврдување на идентитетот пред државните институции. Дигиталната лична карта ќе може да се користи и во физичкиот свет, што ќе им овозможи на граѓаните да не ја носат постојано пластичната верзија со себе. Други документи, меѓу кои и возачките дозволи, ќе се додаваат постепено.

Со оваа мерка Германија го спроведува законодавството на Европската Унија, според кое секоја земја-членка треба да обезбеди апликација за дигитални лични документи. Законот предвидува и промени за постарите лица, кои на возраст од 70 години или повеќе при издавањето на последната лична карта ќе можат да ја користат на неодредено време. Дополнително, носителите на пасоши нема да мора да ги ажурираат документите при промена на адресата, а пасошот ќе остане важечки и со старата адреса.

Во Македонија пак, Стефан Андоновски веќе најави дигитална лична карта и кај нас. Ќе се користи преку мобилната апликација м.Услуги (m.Uslugi).

Извор: Rbb24