Македонија

ПОЛИЦИЈАТА НЕ ДОЗВОЛИ ВОЗИЛАТА СО АЛБАНСКИ И УЧК ЗНАМИЊА ДА ПРОДОЛЖАТ КОН ЦЕНТАР: Можеа да вртат полукружно или кон Ист Гејт

ПОЛИЦИЈАТА НЕ ДОЗВОЛИ ВОЗИЛАТА СО АЛБАНСКИ И УЧК ЗНАМИЊА ДА ПРОДОЛЖАТ КОН ЦЕНТАР: Можеа да вртат полукружно или кон Ист Гејт

Полицијата не дозволи автомобилите кои денеска се движеа низ Скопје со албански и знамиња на УЧК по повод одбележувањето на Денот на албанското знаме да одат кон Центар. Возилата беа запрени во полициски обрач кај Мавровка, при што не им беше дозволено да продолжат кон центарот на градот. Наместо тоа, возачите можеа да се движат само во правец на Ист Гејт или да се вратат назад кон Чаир.

(ВИДЕО) СЕ ВЕАТ АЛБАНСКИ И ЗНАМИЊА НА УЧК: Снимка од колона автомобили во Чаир

Вчера министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави дека полицијата нема да дозволи инциденти и нарушување на јавниот ред и безбедноста. „Нема да дозволиме нарушување на сообраќајот и нарушување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот“, изјави Тошковски. Тој ги повика сите кои сакаат да го прослават празникот да го направат тоа согласно пропишаните протоколи, во нормална и семејна атмосфера.

Жан Митрев