Македонија

ЗАБРАНИЛЕ ДЕЦАТА ДА НОСАТ АЛБАНСКИ ЗНАМИЊА ВО ГРАДИНКА: Ексминистерот Лога од ДУИ порача дека 28 ноември ќе биде „огнен“ – Дали е ова закана?

Кренар Лога објави пораки од градинка за забрана на албански знамиња и порача дека 28 ноември ќе биде „огнен“, предизвикувајќи реакции.

ЗАБРАНИЛЕ ДЕЦАТА ДА НОСАТ АЛБАНСКИ ЗНАМИЊА ВО ГРАДИНКА: Ексминистерот Лога од ДУИ порача дека 28 ноември ќе биде „огнен“ – Дали е ова закана?

Поранешниот министер за правда Кренар Лога објави скриншоти од комуникација меѓу воспитувачка и родители во една градинка во Македонија, поврзана со одбележувањето на 28 Ноември. Во првата порака, родителите биле замолени децата да дојдат облечени во традиционална албанска облека и да понесат мали албански знамиња за прославата. Во следната порака, воспитувачката ги известила дека добила информација оти носењето знамиња во градинката не е дозволено и ги замолила родителите да не им даваат знамиња на децата. По објавата, Лога упати порака дека годинашниот 28 ноември ќе биде „огнен“, што предизвика реакции на социјалните мрежи.

Лога: „Колку повеќе нè угнетуваат, толку поогнени ќе бидат Албанците“

„Колку повеќе нè угнетуваат, толку поогнени ќе бидат Албанците во РСМ, а не само Денот на знамето“, напиша Лога. На неговата објава реагираа и од „Патриотско друштво“, од каде што го споделија случајот и јавно прашаа: „Дали е ова закана?“

28 Ноември се одбележува како Ден на албанското знаме

За Албанците, 28 Ноември се одбележува како Ден на независноста на Албанија и Ден на албанското знаме. Пред две години, на овој датум, во Скопје имаше инциденти, меѓу кои и палење на македонското знаме. Засега, во доставените информации нема дополнителни детали за градинката, ниту за институцијата од која наводно било испратено известувањето за забраната.

Жан Митрев