Македонија

ГО АНГАЖИРАЛЕ ЗА МИЕЊЕ АВТОМОбИЛИ, А НЕГОВОТО ИМЕ ГО КОРИСТЕЛЕ ЗА ФИКТИВНИ ДОГОВОРИ: Пријавени управителка и уште едно лице од Охрид

СВР Охрид поднесе кривична пријава против правно лице и две лица осомничени дека користеле податоци на работник за фиктивни договори за продажба на автомобили.

ГО АНГАЖИРАЛЕ ЗА МИЕЊЕ АВТОМОбИЛИ, А НЕГОВОТО ИМЕ ГО КОРИСТЕЛЕ ЗА ФИКТИВНИ ДОГОВОРИ: Пријавени управителка и уште едно лице од Охрид

СВР Охрид поднесе кривична пријава против правно лице и две лица од Охрид, на возраст од 28 и 41 година, поради сомнение за фалсификување исправа. Според полицијата, во периодот од 2025 до 2026 година, тие користеле лични податоци на лице кое било ангажирано за миење и чистење автомобили на автоплац, но не било пријавено како вработено. Неговото име наводно било искористено за составување фиктивни договори за посредување при продажба на моторни возила.

Неговото име го користеле како договорна страна

Во документите лицето А.Б. било претставено како сопственик на возила што ги остава во правното лице за понатамошна продажба. На тој начин се создавала привидна слика дека постојат деловни односи и договори за посредување меѓу него и автоплацот, иако такви односи фактички не биле воспоставени. Според пријавата, во активностите заеднички учествувале третопријавениот и управителката на правното лице.

Пријавени за фалсификување исправа

Од СВР Охрид наведуваат дека управителката, во својство на одговорно лице, овозможувала и прифаќала вакво документирање на наводните договорни односи. Со тоа, според сомнежите на полицијата, се прикривал вистинскиот начин на стекнување и продажба на моторните возила. Против пријавените е поднесена кривична пријава за кривично дело „фалсификување исправа“.

ОЗНАКИ: Охрид
Жан Митрев