Скопје
Дознај прв
(ВИДЕО) ИТНО КОПЧЕ ЗА СТАРИТЕ ЛИЦА: Црвениот крст нуди помош и поддршка 24 часа на ден
Црвениот крст нуди услуга „Итно копче“ за стари и изнемоштени лица во Скопје. Со едно притискање добиваат помош 24 часа на ден.

Со едно притискање на копче веднаш се добива помош
Црвениот крст на Република Македонија ја нуди услугата „Итно копче“, наменета за лицата кои живеат сами и на кои во секој момент може да им затреба брза и стручна помош. Со едноставно притискање на копчето, корисникот веднаш се поврзува со обучен оператор кој ја проценува состојбата и дава соодветни насоки. Доколку е потребно, на лице место излегува тим на Црвениот крст кој обезбедува прва помош или организира превоз до здравствена установа, а во животозагрозувачки ситуации веднаш се известува Итната медицинска помош.
Кој може да ја користи услугата?
Услугата е наменета за лица над 65 години во Скопје кои живеат сами, корисници на услугата „Помош и нега во домот“ и на Дневниот центар за стари лица, како и за други изнемоштени лица. Корисниците добиваат поддршка 24 часа на ден, седум дена во неделата, од обучен персонал, прва помош и психолошка прва помош, како и превоз до здравствена установа со специјални возила. Обезбедени се и постојана техничка поддршка и бесплатен сервис на уредот. За повеќе информации, заинтересираните можат да се јават во контакт-центарот на телефонскиот број 15 330.

