Македонија
Дознај прв
(ВИДЕО + ФОТО) 33 ГОДИНИ ОД НАЈТЕШКАТА АВИОНСКА НЕСРЕЌА ВО МАКЕДОНИЈА: 116 лица загинаа во трагедија кај Охрид
На 20 ноември 1993 година, авион на „Авиоимпекс“ се урна кај Охрид. Во трагедијата загинаа сите 116 лица во леталото.

На денешен ден, 20 ноември 1993 година, во близина на Охрид се случи најсмртоносната авионска несреќа во историјата на Македонија. Патнички авион од типот „Јак-42Д“ на авиокомпанијата „Авиоимпекс“ се урна во месноста Тројане, при што загинаа сите 116 лица во леталото. Авионот летал на релација Женева – Скопје, но поради лошите временски услови бил пренасочен кон аеродромот во Охрид. Несреќата се случила при обид за слетување, на околу четири километри североисточно од аеродромот.

Авионот се урна при обид за слетување
Во леталото имало патници и осум членови на екипажот – четворица руски членови на летачкиот персонал и четворица македонски членови на кабинскиот екипаж. Според официјалните наоди, како причина за трагедијата била посочена грешка на пилотите, кои ја загубиле контролата над авионот.

Трагедија од Охрид остави длабока трага
Несреќата предизвика реакции и прашања за безбедносните стандарди и опремата на македонските аеродроми. Со 116 загинати, таа останува најтешката авионска катастрофа во историјата на земјата. И по 33 години, 20 ноември останува ден на сеќавање на жртвите од трагедијата кај Охрид.
View this post on Instagram

