Македонија

ДЕНЕС Е СВЕТСКИ ДЕН НА ДЕТЕТО: УНИЦЕФ повикува возрасните повеќе да ги слушаат најмладите

По повод Светскиот ден на детето, УНИЦЕФ повикува на поголемо почитување на детските права и вклучување на децата во одлуките што ги засегаат.

ДЕНЕС Е СВЕТСКИ ДЕН НА ДЕТЕТО: УНИЦЕФ повикува возрасните повеќе да ги слушаат најмладите

Под мотото „Мојот ден, моите права, мојата иднина“, денеска, 20 ноември, се одбележува Светскиот ден на детето. По тој повод, УНИЦЕФ повикува на поголемо вклучување на децата во разговорите и одлуките што ја засегаат нивната сегашност и иднина. Од организацијата нагласуваат дека нивниот глас мора да биде слушнат и почитуван, а нивните мислења да бидат земени предвид.

Родителите имаат клучна улога

УНИЦЕФ посочува дека родителите имаат важна улога во создавањето безбедна средина во која децата ќе можат слободно да ги споделуваат своите мисли, желби и грижи. Отворената комуникација ја зајакнува нивната самодоверба, ја поттикнува креативноста и помага во развивањето критичко размислување.

УНИЦЕФ со повик за разговор со децата

По повод Светскиот ден на детето, УНИЦЕФ ги охрабрува семејствата да одвојат време за разговори за детските права, секојдневието и иднината што децата ја посакуваат. Организацијата повикува родителите да ги слушаат нивните идеи и соништа и активно да ги поддржуваат во нивното остварување.

ОЗНАКИ: уницеф
Жан Митрев