Македонија
Дознај прв
„НИКОГАШ ПОВТОРНО НЕ ЈА ВИДОА ТАТКОВИНАТА“: Во Полска откриен споменик за македонските деца бегалци од Егејот
Во полскиот град Полице е откриен првиот споменик посветен на децата бегалци од Егејска Македонија, кои никогаш не се вратиле во татковината.

Во полскиот град Полице беше откриен споменик посветен на македонските деца бегалци од Егејска Македонија, кои по присилното напуштање на своите домови животот го продолжиле во Полска, каде што останале до крајот на животот. Станува збор за прв споменик од ваков вид во Полска, чија реализација беше поддржана од Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија (ФХЕМ). Автор на споменикот е Петро Алексовски, а свеченото откривање го извршија градоначалникот на Полице, Кристијан Ковалевски, и македонскиот амбасадор во Полска, Јасмин Ќамил. Од ФХЕМ најавија дека се планира поставување уште два споменика во други полски градови кои во минатото ги згрижиле децата бегалци.
Споменик за децата кои никогаш не се вратиле во татковината
Директорот на Фондот, Горан Садикаријо, истакна дека судбината на овие деца е поврзана со историската меморија на народите кои доживеале прогон и загуба на своите домови. Споменикот треба да потсетува на нивната животна приказна и на генерациите кои поради историските околности никогаш повторно не ја виделе својата татковина.

Во Полице се планира и музеј
На средбата било најавено и отворање музеј во Полице, посветен на локалната историја. Во таа насока било предложено дел од музејскиот простор да биде посветен на историјата и судбината на македонските Евреи, со што би се зачувало сеќавањето на нивното минато и историските врски меѓу двете заедници.
View this post on Instagram

