Македонија

ПОЛСКА ДОНИРАШЕ НОВА ОПРЕМА ЗА БОЛНИЦАТА ВО КОЧАНИ: По повеќе од половина век се заменува старата опрема

Болницата во Кочани доби нов операционен стол, хистероскоп и операционо светло од Полска, со што се заменува опрема стара повеќе од 50 години.

ПОЛСКА ДОНИРАШЕ НОВА ОПРЕМА ЗА БОЛНИЦАТА ВО КОЧАНИ: По повеќе од половина век се заменува старата опрема
министерство за здравство - фото

Општата болница во Кочани доби нов операционен стол, компатибилен хистероскоп и операционо светло, со што ќе се замени постојната опрема стара повеќе од половина век. Донацијата е од Полска и е реализирана преку проектот „Подобрување на условите и здравствените услуги во Општа болница со проширена дејност Кочани“. Проектот е финансиран од Polish Aid, програмата за развојна соработка на Владата на Република Полска. По повод донацијата, болницата денеска ја посети полскиот амбасадор во Македонија, Мариуш Бримора, а присуствуваше и министерот за здравство, Сашо Клековски. Според директорката Катерина Паниќ Мирчевска, новата опрема значително ќе ги подобри условите за работа на Гинеколошкото одделение и ќе овозможи примена на современи медицински методи.

Кочани

Подобри услови за гинеколошки интервенции во Кочани

Со новата опрема се очекува поголема сигурност за мајките и подобри услови за изведување гинеколошки интервенции. Дел од нив досега пациентките од Кочани морале да ги реализираат во други градови.

Донација преку програмата Polish Aid

Донацијата е дел од проектот насочен кон подобрување на здравствените услуги во кочанската болница, со финансиска поддршка од Владата на Полска. Новите медицински апарати треба да придонесат за модернизација на работата на Гинеколошкото одделение.

кочани
министерство за здравство – фото
Жан Митрев