Спорт
Дознај прв
МАКЕДОНИЈА ГО ДОБИ ПРОТИВНИКОТ ВО БАРАЖОТ: Во март ќе се соочиме со Кипар за опстанок во Б-лигата
Македонија во март ќе игра против Кипар во баражот за опстанок во Б-лигата од Лигата на нации. Досега двете селекции одиграле два меѓусебни дуела.

Фудбалската репрезентација на Македонија го доби противникот во баражот за опстанок во Б-конкуренцијата од Лигата на нации. Македонската селекција во март следната година ќе се соочи со Кипар, кој во групната фаза од Ц-лигата го освои второто место зад Црна Гора. Двете репрезентации досега одиграле само два меѓусебни натпревари, и тоа пред повеќе од три децении. Првиот дуел се одиграл на 17 декември 1994 година во Скопје, во рамки на квалификациите за Европското првенство, кога Македонија славела со 3:0, а херој на натпреварот бил Бошко Ѓуровски со три постигнати гола. Вториот натпревар се одиграл на 11 октомври 1995 година во Лимасол и завршил 1:1, а стрелец за Македонија бил Борче Јовановски.
Какви резултати оствари Кипар во Лигата на нации?
Кипар во шесте натпревари од Лигата на нации забележа две победи, два порази и две нерешени средби. Славеше против Летонија со 2:1 и Ерменија со 2:0, додека двапати загуби од Црна Гора, со 1:4 и 1:2. По еден бод освои во дуелите со Летонија (0:0) и Ерменија (1:1).
Познати и останатите бараж-двoјки
Покрај дуелот Македонија – Кипар, во баражот ќе се сретнат и Естонија – Романија, Фарски Острови – Грузија и Белорусија – Израел. Натпреварите се предвидени за март следната година, кога ќе се решава кои селекции ќе го задржат местото во Б-лигата.

