Македонија
Дознај прв
БУРНА РЕАКЦИЈА ОД ВМРО-ДПМНЕ: Филипче го спомена починатиот градоначалник на Брвеница во контекст на криминал и корупција

ВМРО-ДПМНЕ упати остри критики до претседателот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го за навреди кон починатиот градоначалник на Брвеница, Јовица Илиевски. Од партијата велат дека се згрозени од изјавите на Филипче, во кои, според нив, името на Илиевски било ставено во контекст на криминал и незаконско работење.
„Ваквото однесување покажува дека Венко Филипче е во специфична состојба и ги поминува сите граници“, се наведува во реакцијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека нема да возвраќаат со иста реторика, но сметаат дека лидерот на СДСМ треба да покаже почит кон починатиот градоначалник и неговото семејство. Во соопштението се истакнува дека Илиевски важел за мирен, семеен и чесен човек, кој двапати по ред ја добил довербата на жителите на Општина Брвеница. Од партијата оценуваат дека граѓаните ќе го запомнат однесувањето на Филипче и ќе го имаат предвид при следното гласање.
Инаку, на 23 јуни годинава почина Јовица Илиевски, градоначалник на општина Брвеница. Тој почина на 58 годишна возраст, а важеше како вистински човек од народот.
