Македонија

Филипче и Рама остварија средба, но без македонското знаме

Филипче и Рама остварија средба, но без македонското знаме

Албанскиот премиер Еди Рама за време на вчерашниот престој во Македонија остварил средба и со лидерот на СДСМ, Венко Филипче, во Албанскиот конзулат во Битола. Рама објави фотографии од посетата на Битола по повод Денот на албанската азбука, а на една од нив е овековечена средбата со Филипче.

Она што го привлече вниманието е дека зад двајцата политичари се поставени албанското знаме и знамето на НАТО, но не и македонското државно знаме. Фотографијата претходно била објавена и на Фејсбук-профилот на Агрон Демири, член на Извршниот одбор на СДСМ, по што била повлечена. Засега нема официјално соопштение од СДСМ дали Филипче или неговиот кабинет реагирале на ваквиот протокол.

Од медиумот „Фокус“ се обратиле до СДСМ за отсуството на македонското знаме, а од опозициската СДСМ кратко одговориле: „неофицијална средба на нивно барање во просториите на конзулатот на Република Албанија во Битола. За знамињата прашајте во конзулатот“.

Инаку, вчера Мицкоски и Рама промовираа „One stop shop“ на граничниот премин Ќафасан.

МИЦКОСКИ: „ONE STOP SHOP“ ЌЕ ГО ОЛЕСНИ ТРАНСПОРТОТ И ЌЕ ГИ ЗАЈАКНЕ ВРСКИТЕ СО АЛБАНИЈА

Жан Митрев