Регион
Дознај прв
(ВИДЕО) ПЛАНИРАЛЕ АТЕНТАТ ВО ГРЦИЈА: Четворица уапсени во Македонија, еден во Грција, одземени оружје и скици
Шест лица од Скопје и Куманово се поврзуваат со подготовка на атентат во Грција. Четворица се уапсени во Македонија, еден во Грција, а еден е недостапен.

Шест лица на возраст од 22 до 73 години од Скопје и Куманово се поврзуваат со подготовка на терористички напад во Грција, открија директорите на Бирото за јавна безбедност и Агенцијата за национална безбедност. Според директорот на БЈБ, Александар Јанев, четири лица биле лишени од слобода во Македонија, едно било уапсено во Грција, додека шестото не е обезбедено и според сознанијата не се наоѓа на територијата на Македонија. На едно лице му е одреден куќен притвор, а на останатите притвор. Акцијата била насочена кон откривање и спречување активности поврзани со кривичните дела тероризам и терористичка организација.
Одземени оружје, муниција и скици со означени локации во Грција
При акцијата биле одземени огнено оружје, муниција, скици со означени локации, мобилни телефони и други електронски уреди. Јанев посочи дека осомничените биле поврзани со странски елементи и прокси-групи, а целта им била извршување терористички акти на територијата на друга држава.
Се истражуваат врски со иранска прокси-мрежа
Директорот на АНБ, Бојан Христовски откри дека станува збор за иранска прокси-мрежа, а истрагата опфаќа и наводни поврзаности со лица од нарко-криминалните структури. Според информациите презентирани од надлежните, во мрежата биле вклучени лица етаблирани во криминални структури, кои преземале подготвителни дејствија за атентат во Грција.
Пренесува: infomax

