Спорт
Дознај прв
(ВИДЕО + ФОТО) КОНЕЧНО СЕ ВРАТИ СТАРИОТ СЈАЈ ВО „ЈАНЕ САНДАНСКИ“: Спектакуларно дерби со две навивачки групи и без инциденти
Вечното дерби меѓу МЗТ Скопје и Работнички донесе спектакл пред повеќе од 4.500 гледачи, со две навивачки групи и без инциденти. Работнички славеше со 74:60.

Најголемото македонско кошаркарско дерби меѓу МЗТ Скопје и Работнички конечно донесе атмосфера каква што долго време не беше видена во салата „Јане Сандански“. Трибините беа исполнети речиси до последното место, а двете навивачки групи приредија вистински спектакл. Според нашите проценки, на трибините имало повеќе од 4.500 гледачи, бројка каква што Скопје не памети на кошаркарски натпревар во последните десетина години. Песните, кореографиите и поддршката од навивачите му го вратија стариот сјај на вечното дерби. Особено значајно е што целиот натпревар помина без инциденти на трибините, а ривалството се претвори во вистински спортски празник.
View this post on Instagram
Работнички славеше со 74:60
На паркетот, Работнички беше подобар од актуелниот шампион МЗТ Скопје и славеше со 74:60. Тимот од Градски парк со оваа победа ја продолжи својата успешна серија и остана без пораз во првенството.
Скопје покажа дека живее за кошарка
Вечерта во „Јане Сандански“ беше потсетник дека македонската кошарка има публика и навивачка енергија што заслужуваат вакви натпревари. Двете навивачки групи, „Фемили Аеродром“ и „Сити Парк Бојс“, покажаа дека големото ривалство може да донесе спектакл без инциденти. Се надеваме дека оваа атмосфера ќе продолжи и на следните натпревари – нека победи подобриот!

