Македонија

ШУМСКАТА ПОЛИЦИЈА СЕ ЗАСИЛУВА СО 81 НОВ ПОЛИЦАЕЦ: Засилени контроли против дивата сеча

Шумската полиција се засилува со 81 нов полицаец и заменик-командир. Најавени се поинтензивни контроли против бесправната сеча и незаконската трговија со дрва.

ШУМСКАТА ПОЛИЦИЈА СЕ ЗАСИЛУВА СО 81 НОВ ПОЛИЦАЕЦ: Засилени контроли против дивата сеча

Шумската полиција добива засилување од 81 нов полицаец и еден заменик-командир, кои успешно ја завршиле шестмесечната обука. Уверенијата им беа доделени на свеченост во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Новите кадри ќе бидат вклучени во теренските контроли, со цел спречување на бесправната сеча и откривање незаконски транспорт и продажба на огревно дрво. Засилувањето доаѓа во пресрет на грејната сезона, кога се очекува зголемен притисок врз шумското богатство.

Поинтензивни контроли на терен

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, истакна дека новите полицајци ќе придонесат за поефикасно справување со незаконските активности во шумите. Акцентот ќе биде ставен на спречување на дивата сеча, како и на контрола на транспортот и продажбата на дрва.

Министерот со порака до новите полицајци

Серафимовски им порача на новите припадници на Шумската полиција да постапуваат професионално и во рамките на законските овластувања. Тој нагласи дека законот мора да важи подеднакво за сите, без исклучок.

Жан Митрев