Регион

ХАКЕРИ МУ „НАРАЧАЛЕ“ 200 ЛУКСУЗНИ АВТОМОБИЛИ И 25 ОРУЖЈА: Необична роденденска честитка за грчкиот министер за здравство

Грчкиот министер за здравство Адонис Георгиадис открил дека му бил хакиран мејлот, а во негово име биле нарачани 200 луксузни автомобили и 25 оружја.

ХАКЕРИ МУ „НАРАЧАЛЕ“ 200 ЛУКСУЗНИ АВТОМОБИЛИ И 25 ОРУЖЈА: Необична роденденска честитка за грчкиот министер за здравство

Грчкиот министер за здравство Адонис Георгиадис добил необично „роденденско изненадување“, откако утрово открил дека неговата електронска пошта била хакирана и дека во негово име биле испратени нарачки за луксузни автомобили и оружје. Случајот го објавил самиот министер на социјалната мрежа Икс, наведувајќи дека веднаш ги известил надлежните служби. Според неговата објава, непознати лица нарачале вкупно 200 автомобили и 25 парчиња оружје, претставувајќи се како него.

Нарачани автомобили и оружје

Во пораките биле побарани 150 автомобили Porsche Cayenne и 50 Mercedes-Maybach, наводно за министерот и неговата сопруга. Дополнително, биле испратени нарачки за 24 ловечки пушки Benelli и еден пиштол Springfield Armory Echelon. На објавените фотографии се гледа дека лицето кое ги испраќало пораките се претставувало како Георгиадис и барало возилата да бидат доставени на неговата домашна адреса.

Министерот најави правни мерки

Георгиадис со доза иронија го нарече нападот оригинален начин за честитање роденден, но порача дека нема да го остави случајот без последици. Тој информираше дека веќе стапил во контакт со Службата за борба против електронски криминал и дека ќе преземе правни мерки. „За среќа, немам такви неостварени желби“, напиша грчкиот министер во објавата.

 

ОЗНАКИ: грција
Жан Митрев