Македонија

НЕМАШЕ СТРУЈА ВО ЦЕЛИОТ РЕОН: Не бил исклучен само УКИМ, велат извори од Универзитетот за 24часа

НЕМАШЕ СТРУЈА ВО ЦЕЛИОТ РЕОН: Не бил исклучен само УКИМ, велат извори од Универзитетот за 24часа

Попладнево нашиот медиум објави дека има проблем со електричната енергија на Правен, а веќе сега до редакцијата на 24часа од свои извори на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ ни пристигна информација дека прекинот на електричната енергија не се однесувал само на УКИМ, туку на целиот реон. „Цел реон немаше струја, а не само УКИМ“, велат нашите извори од Универзитетот. Оваа информација доаѓа по објавите дека повторно имало прекин на електричната енергија на Правниот факултет додека траеле предавањата. Според информациите што ги добивме, станувало збор за поширок прекин на снабдувањето со електрична енергија, а не за исклучување кое го опфатило само Универзитетот.

Жан Митрев