Македонија

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ВО КУМАНОВО: Се вршат претреси на повеќе локации, осомничени за изнуда и перење пари

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ВО КУМАНОВО: Се вршат претреси на повеќе локации, осомничени за изнуда и перење пари
Во Куманово се спроведува полициска акција во која се вршат претреси на повеќе локации, потврдија од Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство. Акцијата ја координира јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, заедно со полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал. Според информациите од Обвинителството, претресите се спроведуваат врз основа на судски наредби со цел обезбедување докази. Истрагата се однесува на сомневања за кривичните дела „изнуда“, „перење пари и други приноси од казниво дело“ и „несовесно работење во службата“. Од МВР потврдија дека полициските службеници постапуваат во координација со надлежниот јавен обвинител. Засега не се соопштуваат дополнителни детали за лицата опфатени со акцијата. Од институциите најавија дека јавноста ќе биде дополнително информирана по завршувањето на акцијата.
Жан Митрев