Скопје
Дознај прв
МЛАДИТЕ ПАРАВНИЦИ СО АПЕЛ ДО ГРАЃАНИТЕ: Пријавете локации со несобран отпад во Скопје
Македонското здружение на млади правници ги повикува граѓаните да испраќаат фотографии и локации со несобран отпад во Скопје на contact@myla.org.mk.

Македонското здружение на млади правници започна иницијатива со која ги повикува граѓаните да пријавуваат локации во Скопје каде што има несобран комунален отпад. Целта е да се побара инспекциски надзор и реакција од надлежните институции за решавање на проблемот со отпадот. Од здружението посочуваат дека граѓаните можат да помогнат во документирањето на состојбата на терен.
Фотографии и видеа како доказ за проблемот
За секоја пријава потребно е да се достави фотографија или видео од отпадот, точната локација, како и датумот и времето кога е направена снимката. На овој начин ќе се обезбедат конкретни информации за местата на кои има проблем со несобраниот комунален отпад.
Пријавете по приватна порака или е-пошта
Граѓаните можат да ги испраќаат пријавите преку приватна порака или на електронската адреса contact@myla.org.mk. Од здружението повикуваат на вклучување на јавноста со цел надлежните институции да бидат информирани за проблематичните локации и да преземат соодветни мерки.

