Свет

ГЕРМАНСКИ ПОЛИТИЧАР ПРОНАЈДЕН МРТОВ ВО ХОТЕЛ: Мистериозна смрт на 55-годишниот министер ја потресе Баварија

Германскиот политичар Хуберт Ивангер, министер за економија и заменик-премиер на Баварија, е пронајден мртов во хотел во Берлин.

ГЕРМАНСКИ ПОЛИТИЧАР ПРОНАЈДЕН МРТОВ ВО ХОТЕЛ: Мистериозна смрт на 55-годишниот министер ја потресе Баварија

Германскиот политичар Хуберт Ивангер, министер за економија и заменик-премиер на германската покраина Баварија, е пронајден мртов во хотелска соба во Берлин. Веста прв ја објави весникот „Билд“, повикувајќи се на извори од баварската покраинска влада и берлинската полиција. Според информациите, 55-годишниот Ивангер бил пронајден во средата вечерта, на 4 ноември, во хотелот „Хојер Фриц“ во берлинската населба Мите.

Не се појавил на партиски настан

Ивангер требало да присуствува на отворањето на новата канцеларија на неговата партија „Слободни гласачи“ (Freie Wähler) во Берлин, но не се појавил, бидејќи, според германските медиуми, не се чувствувал добро. Претходно го откажал и планираното интервју, а откако престанал да одговара на повиците, бил пронајден мртов во својата хотелска соба. Според весникот „Тагесшпигел“, непосредно пред смртта наводно имал симптоми на гастроинтестинална инфекција.

смрт

Истрагата треба да утврди причина за смрт

Берлинската полиција и обвинителството започнале постапка за утврдување на околностите на смртта и исклучување на можноста за вмешаност на трети лица. Според полициски извори, засега нема индиции за надворешно влијание, а се претпоставува дека смртта настапила од здравствени причини. На телото не биле забележани надворешни повреди, но официјалната причина за смртта сè уште не е соопштена.

Жан Митрев