Македонија
Дознај прв
(ВИДЕО) УАПСЕН ДРАГАН ПЕТРОВСКИ – ШТУКА: Осомничен за лихварство, изнуда и организирање криминална група

Драган Петровски, познат под прекарот Штука, е уапсен во големата полициска акција што од утрово се спроведува во Куманово, објави „Прес24“. Според неофицијалните информации, тој е осомничен дека организирал криминална група која подолг период се занимавала со лихварство, изнуда и перење пари. Истражителите се сомневаат дека групата користела закани, насилство и уцени за стекнување противправна имотна корист. Во рамките на акцијата се вршат претреси на повеќе локации, меѓу кои и нотарска канцеларија и менувачница. Според неофицијалните информации, при претресите биле пронајдени поголеми суми пари, возила и документација. Од Обвинителството потврдија дека акцијата е поврзана со сомневања за изнуда, перење пари и несовесно работење во службата. Засега нема официјална потврда од институциите за апсењето на Петровски, ниту информации за вкупниот број приведени лица.
View this post on Instagram

