Скопје
Дознај прв
(ВИДЕО) ЃОРЃИЕВСКИ: Во Скопје почна садење на 3.500 садници, до крајот на сезоната ќе има 6.000
Во Скопје започна акција за садење 3.500 садници, а до крајот на сезоната се планираат вкупно 6.000 нови дрвја и садници низ сите општини.

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информираше дека започнала голема акција за засадување 3.500 садници низ главниот град. Со акцијата, како што најави, се обновува зеленилото и се раззеленуваат јавните површини. До крајот на сезоната планирано е да бидат засадени вкупно 6.000 нови садници. Целта е повеќе зеленило, почист воздух и повеќе уредени места за прошетки, игра и дружење.
Садење во парковите и долж булеварите
Ѓорѓиевски посочи дека ќе бидат опфатени постојните паркови, новите паркови што се градат, зелените површини долж булеварите и јавните простори низ целиот град. Акцијата ќе се реализира во сите скопски општини, а не само во централното градско подрачје.
Ѓорѓиевски: „Секој засаден корен е ветување за поздраво утре“
„Зелено и чисто Скопје е обврска на која сум силно посветен. Секој засаден корен денес е ветување за поздраво и поубаво утре“, порача градоначалникот. Тој додаде дека сака зад сегашните генерации да останат дрвја што ќе растат, паркови што ќе живеат и дела што ќе траат.
View this post on Instagram

