Македонија
Дознај прв
(ВИДЕО) ХАОС ВО ЛОНДОН ПО ПОРАЗОТ НА МАРОКО: Бесни навивачи кршеле низ градот, нападнати и две девојки во автомобил
Хаос во Лондон по поразот на Мароко од Франција. Бесни навивачи кршеле низ градот, а на видео се гледа напад врз автомобил со две девојки.

Мароко беше елиминиран од Светското првенство по поразот од Франција со 2:0, а најжестоки реакции по натпреварот биле забележани во Лондон. Бесни фанови на Мароко излегле на улиците, блокирале сообраќај, палеле пиротехника и кршеле низ градот, по што морала да интервенира и полицијата. На видеото кое се споделува на социјалните мрежи се гледа и вознемирувачка сцена во која две девојки кои поминуваат со автомобил се нападнати од група навивачи. Инцидентот дополнително ја влошил ситуацијата, а полицијата интервенирала за да ја стави состојбата под контрола.
Хаос во Лондон
Иако снимки од реакции на марокански навивачи се појавија и од други европски градови, најлошо било во Лондон, каде што улиците по натпреварот личеле на вистинска зона на хаос. Навивачите, револтирани од поразот на нивната репрезентација, се собрале во голем број и предизвикале нереди, а дел од нив фрлале предмети, оштетувале јавен простор и го блокирале движењето на возилата. На терен излегле полициски единици кои интервенирале за да ги растераат толпите и да спречат поголема ескалација.
Нападнат автомобил со две девојки
Посебно внимание предизвика видеото на кое се гледа како група навивачи напаѓа автомобил во кој се наоѓаат две девојки кои само поминуваат низ улицата. Според снимката, толпата се приближува до возилото, удира по него и создава паника кај патничките, пред полицијата да реагира. Инцидентот предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, каде корисниците го осудија насилството и побараа одговорност за учесниците во нередите. Поразот на Мароко од Франција очигледно предизвика силна фрустрација кај дел од навивачите, но сцените од Лондон фрлија темна сенка врз фудбалската вечер.
Погледнете ги видеата од вчерашниот хаос во Лондон:
View this post on Instagram
