Скопје

ВИДЕО НАДЗОР ЗА ПОГОЛЕМА БЕЗБЕДНОСТ ВО АЕРОДРОМ: Камери на детските и спортските игралишта, како и во парковите

Видео надзор ќе се поставува на детските и спортските игралишта, како и во парковите во Општина Аеродром, за поголема безбедност.

ВИДЕО НАДЗОР ЗА ПОГОЛЕМА БЕЗБЕДНОСТ ВО АЕРОДРОМ: Камери на детските и спортските игралишта, како и во парковите

Општина Аеродром започнува постапка за воспоставување систем за видео надзор на детските и спортските игралишта, како и во парковите. Предлогот за отпочнување на постапката беше усвоен на вчерашната седница на Советот, со цел да се зголеми безбедноста и да се заштити општинскиот имот.

Нема компромис со вандализмот

Од Општина Аеродром посочуваат дека секое искршено игралиште е загуба за сите граѓани, а најмногу за децата. Покрај реконструкцијата и обновата на спортските и детските игралишта, општината најавува и конкретни чекори за нивна трајна заштита. Новиот систем за видео надзор треба да придонесе за спречување на вандализмот, заштита на урбаната опрема и зачувување на парковите и јавните површини.

Системот ќе се спроведува согласно законските процедури

Видео надзорот, според најавите, ќе биде реализиран согласно законските процедури, со целосно почитување на заштитата на личните податоци и сите пропишани стандарди. Од општината велат дека системот ќе биде поддршка и за надлежните институции во откривање сторители на казниви дела, но и мерка за поголем јавен ред, поголема безбедност и подобра заштита на јавната инфраструктура. „Безбедноста е инвестиција во иднината“, порачуваат од Општина Аеродром, нагласувајќи дека граѓаните заслужуваат уредени, безбедни и зачувани јавни простори.