Македонија
Дознај прв
РЕКОРДЕН РАСТ НА МАКЕДОНСКИТЕ АЕРОДРОМИ: ТАВ опслужи 1,2 милиони патници за четири месеци
Македонски аеродроми бележат рекорден раст, со 1,2 милиони патници и над 8.100 летови во првите четири месеци од годината.

Меѓународниот аеродром Скопје и Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид бележат силен раст на патничкиот сообраќај во првите четири месеци од годинава. Според ТАВ Македонија, двата македонски аеродроми опслужиле вкупно 1.202.828 патници, што претставува рекорден пораст од 32,4 проценти во споредба со истиот период.
Над 8.100 летови на двата аеродроми
Во периодот јануари–април, на двата аеродроми биле реализирани вкупно 8.123 летови, што е годишно зголемување од 10,7 проценти. Од ТАВ Македонија оценуваат дека растот е резултат на проширувањето на мрежата на авиолинии, зголемената побарувачка за патувања и континуираната соработка со Владата и авиокомпаниите.
Нови дестинации и поголем избор за патниците
Генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт, изјави дека годинава веќе се отворени пет нови дестинации, а во наредниот период се очекуваат уште седум, со што вкупно ќе има 12 нови дестинации од македонските аеродроми. Во летниот распоред на летање, од скопскиот аеродром сообраќаат 15 авиокомпании до 54 редовни и сезонски дестинации, а дополнително има и чартер летови до 24 дестинации. Овие бројки, според ТАВ, ја потврдуваат позицијата на македонските аеродроми како важни регионални воздушни центри и навестуваат продолжување на растот до крајот на годината.
