Магазин

(ВИДЕО) Тони Зен, Јован Јованов и Елвир Мекиќ настапија на градскиот стадион во Штип

(ВИДЕО) Тони Зен, Јован Јованов и Елвир Мекиќ настапија на градскиот стадион во Штип

Илјадници граѓани вечерва се собраа на Градскиот стадион во Штип, каде што се одржува „Штипска Пастрмалијада“. На манифестацијата пристигнаа посетители од цела источна Македонија, а има и голем број граѓани од Скопје. Во тек е настапот на Тони Зен и Елвир Мекиќ, настапува и Јован Јованов, а тие ја забавуваат публиката. Градскиот стадион е исполнет со посетители, музика и добра атмосфера.

По нивниот настап, вечерва пред публиката ќе се појави и Жељко Јоксимовиќ. Големиот интерес за манифестацијата привлече публика од повеќе градови во земјава. Штип вечерва е во знакот на музиката, забавата и „Штипска Пастрмалијада“.

(ВИДЕО) „ЈОВАНО, ЈОВАНКЕ“ ЕЧЕШЕ ВО ШТИП: Жељко Јоксимовиќ ја изненади македонската публика