Магазин

ЌЕРКАТА НА АНЏЕЛИНА ЏОЛИ И БРЕД ПИТ ГО ИЗБРИША ПРЕЗИМЕТО НА ТАТКО Ѝ: Судот ја одобри промената на името

Судот во Лос Анџелес го одобри барањето на 18-годишната Вивиен, ќерка на Анџелина Џоли и Бред Пит, да го отстрани презимето на татко ѝ.

ЌЕРКАТА НА АНЏЕЛИНА ЏОЛИ И БРЕД ПИТ ГО ИЗБРИША ПРЕЗИМЕТО НА ТАТКО Ѝ: Судот ја одобри промената на името

Вивиен, 18-годишната ќерка на холивудските актери Анџелина Џоли и Бред Пит, официјално се откажа од презимето на својот татко. Судот во Лос Анџелес го одобрил нејзиното барање за промена на името, со кое од Вивиен Маршелин Џоли-Пит таа станува Вивиен Маршелин Џоли. Барањето го поднела во јули, само неколку дена откако наполнила 18 години, наведувајќи лични причини за одлуката.

Судот ја одобри промената на името

Одлуката ја донела судијката Вирџинија Кини од Вишиот суд во округот Лос Анџелес, а рочиштето било одржано преку видеоповик. Нејзиниот адвокат Питер Кенет Левин присуствувал на рочиштето. Вивиен го користи презимето Џоли веќе повеќе од две години, а истото име било наведено и во програмата за бродвејскиот мјузикл „Аутсајдери“, на кој соработувала со својата мајка.

пит

И другите деца се откажуваат од презимето Пит

Вивиен не е првото дете на поранешната холивудска двојка кое одлучило да се откаже од презимето на својот татко. Шајло, Медокс и Захара веќе го сториле тоа преку различни постапки, додека нивниот брат Нокс го изоставил презимето Пит од својата средношколска диплома во јуни. Бред Пит јавно не ги коментирал одлуките на своите деца, а разводот на поранешната двојка беше финализиран во декември 2024 година, по долгогодишен правен спор.