Спорт
Дознај прв
СЕ ОГЛАСИЈА „ФЕМИЛИ АЕРОДРОМ“: Доста е со медиумскиот линч, не се користени ножеви и ладно оружје

Навивачката група „Фемили Аеродром“ се огласи со соопштение по инцидентот што викендов се случи во скопската населба Аеродром, во кој учествуваа навивачи на МЗТ Скопје и Работнички. Од групата реагираат на, како што велат, медиумски линч и објавување непотврдени информации за настанот. Особено ги демантираат тврдењата дека во пресметката биле користени ножеви, палки и друго ладно оружје. Од „Фемили“ бараат медиумите што ги објавиле ваквите информации да понудат конкретни и проверливи докази, наместо да се повикуваат на шпекулации и неименувани извори.
Тие сметаат дека со сензационалистичките наслови се нарушува угледот на нивните членови, кои, според нив, се изложени на јавна осуда пред да бидат утврдени фактите. Во соопштението порачуваат дека нема да дозволат нивните членови да бидат јавно етикетирани врз основа на непотврдени информации и најавуваат дека ќе ги искористат сите легални и институционални механизми за заштита на нивните права и достоинство. „Фемили Аеродром“ порачува дека бара вистина, факти и одговорност за јавно изнесениот збор.
Целото соопштение на Фемили Аеродром прочитајте го ТУКА.
