Спорт

СЕДЛОСКИ СО РАДИКАЛНА ПРОМЕНА: Миовски не е повикан во репрезентацијата, на негово место Ѓоргиевски

Гоце Седлоски го објави списокот за натпреварите со Шкотска и Словенија. Бојан Миовски отсуствува, а Марко Ѓоргиевски е нов на списокот.

СЕДЛОСКИ СО РАДИКАЛНА ПРОМЕНА: Миовски не е повикан во репрезентацијата, на негово место Ѓоргиевски

Седлоски не го повика Миовски во репрезентацијата

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Гоце Седлоски, го објави списокот на фудбалери на кои ќе смета за претстојните два натпревари од Б дивизијата во Лигата на нациите, против Шкотска на гостински терен и Словенија во Скопје, а најголемото изненадување на списокот е отсуството на Бојан Миовски, фудбалерот на шкотски Ренџерс. На негово место во националниот тим е повикан Марко Ѓоргиевски од Шкендија.

Чурлинов повторно во репрезентацијата

На списокот се најде и Дарко Чурлинов, кој не беше во можност да одговори на претходниот повик поради административни проблеми. Неговото враќање претставува дополнителна опција за селекторот Седлоски во пресрет на последните натпревари од овој циклус.

Деспотовски повторно меѓу избраниците

Повторно во репрезентацијата е и Стефан Деспотовски од ОФК Београд, кој претходно беше дел од пријателските натпревари против Босна и Турција во текот на летото.

Серафимов и Фетаи се враќаат, Зајков отпадна

На списокот се враќа и Никола Серафимов, кој претходно паузираше поради повреда на раката, како и Имран Фетаи.

Од друга страна, овојпат нема место за Ѓоко Зајков, кој во изминатиот период имаше голем број настапи во дресот на македонската репрезентација.

МАКЕДОНИЈА БЕЗ ГОЛ ПЕТ НАТПРЕВАРИ ПО РЕД: Последниот беше лани во Велс при поразот од 7:1