Спорт

МАКЕДОНИЈА БЕЗ ГОЛ ПЕТ НАТПРЕВАРИ ПО РЕД: Последниот беше лани во Велс при поразот од 7:1

Македонија нема постигнато гол на пет натпревари по ред. Последниот погодок беше лани во Велс, при поразот од 7:1.

МАКЕДОНИЈА БЕЗ ГОЛ ПЕТ НАТПРЕВАРИ ПО РЕД: Последниот беше лани во Велс при поразот од 7:1

Репрезентацијата на Македонија влезе во серија без постигнат гол

Македонската фудбалска репрезентација не успева да постигне гол веќе пет натпревари по ред, што е серија без преседан во историјата на националниот тим. Последниот погодок Македонија го постигна во ноември минатата година, кога загуби со 7:1 на гостувањето кај Велс. На последните девет натпревари репрезентацијата има постигнато само два гола и нема остварено победа, со пет нерешени средби и четири порази. Поразот од Швајцарија дополнително ја продолжи лошата серија, а Македонија на тој натпревар не упати ниту еден удар во рамките на противничкиот гол. Во нападот, според анализата на „Офф.нет“, напаѓачите Миовски и Растодер не добиле ниту една употреблива топка. Позитивен момент од натпреварот беше настапот на 19-годишниот Матеј Гаштаров, кој дебитираше како стартер. Следната можност за прекин на серијата Македонија ќе ја има на 29 септември, кога гостува кај Словенија.