Спорт
Дознај прв
(ВИДЕО) „МАКЕДОНИЈА Е НА ИРАКЛИС“, „100% МАКЕДОНЕЦ“: Грчките навивачи со провокации кон МЗТ Скопје преку пароли

Натпреварот меѓу Ираклис и МЗТ Скопје во Солун беше одбележан со провокативни транспаренти и пароли од грчките навивачи, кои испратија пораки поврзани со Македонија. На трибините беше истакнат транспарент со ликот на познатиот грчки пејач Костас Македонас и натпис „100% Македонец“. Домашните навивачи истакнаа и голем транспарент со пораката „Македонија му припаѓа на Ираклис“, под која пишуваше „Ќотек за фашистите, во каква било форма да се појавуваат“ (во каква било форма на земјата).
Погледнете повеќе:
View this post on Instagram
Овие провокации беа одговор на транспарентот на Фемили Аеродром, навивачите на МЗТ од првиот меѓусебен натпревар кој се играше претходниот месец во Скопје. Тогаш македонските навивачи ја истакнаа пораката „Твоето свето име ќе го браниме насекаде низ светот“, придружена со карта на која беа прикажани и Солун и Халкидики. Тој потег предизвика бурни реакции во Грција, а раководството на Ираклис поднесе и официјална жалба. Додека на трибините се разменуваа пораки поврзани со Македонија, на теренот грчкиот тим славеше со 103:73.

