Спорт
Дознај прв
ПОРАЗОТ ОД СТРУМИЦА МУ ПРЕСУДИ НА ТРЕНЕРОТ: Васко Атанасов повеќе не е тренер на МЗТ Скопје
МЗТ Скопје и Васко Атанасов спогодбено ја прекинаа соработката. Тренерот освои четири шампионски титули, три Купа и три Суперкупа.

МЗТ Скопје Аеродром и досегашниот шеф на стручниот штаб Васко Атанасов спогодбено ја прекинаа соработката, соопштија од клубот. Атанасов ја презеде тренерската функција во 2023 година и за краток период остави значаен белег во историјата на клубот и македонската кошарка. Тој стана најмладиот тренер кој стигнал до шампионски трофеј во македонската кошарка. Во неговата ера МЗТ освои четири шампионски титули, три Купа на Македонија и три Суперкупа. Од клубот му се заблагодарија за посветеноста, професионализмот и постигнатите резултати, посакувајќи му успех во продолжението на тренерската кариера. Името на новиот прв тренер ќе биде објавено во наредните денови.
Девет трофеи за три години со МЗТ Скопје Аеродром
Атанасов со МЗТ Скопје освои четири шампионски титули (2023, 2024, 2025 и 2026), три Купа на Македонија (2024, 2025 и 2026) и три Суперкупа (2023, 2024 и 2025). Со овие резултати се запиша меѓу најуспешните тренери во поновата историја на клубот.
Србиновски и Даневски привремено ќе ја водат екипата
До назначувањето на новиот шеф на стручниот штаб, со екипата ќе работат досегашните помошници на Атанасов, Дејан Србиновски и Тино Даневски. Од МЗТ најавија дека дополнителни информации за новиот тренер ќе соопштат во текот на наредните денови.
