Македонија

МИЦКОСКИ ЗА ИЗБОРИТЕ ВО БРВЕНИЦА: Очекувам победа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата

МИЦКОСКИ ЗА ИЗБОРИТЕ ВО БРВЕНИЦА: Очекувам победа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата

Денеска ќе имаме завршно обраќање пред жителите на Брвеница. ВМРО-ДПМНЕ во секоја кампања влегува со цел да победи, така и во оваа кампања во Брвеница, во вториот круг. Во првиот круг имавме најмногу гласови, речиси 3000, очекуваме тој број на гласови да го зголемиме, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на вториот круг за избор на градоначалник на општина Брвеница.

-Нашата цел е да бидеме над 4000 гласа и со тоа цениме дека ќе имаме победа во Брвеница. ВМРО-ДПМНЕ заедно со Коалицијата секогаш во избори влегува за да победи. Ние за разлика од политичките партии кои што се обединија околу против кандидатот, се обраќавме на жителите на Брвеница. Тие создаваа етничка поделба, без притоа да водат сметка дека тие ќе заминат на 2-ри, а таму ќе останат луѓето да живеат. И Македонци, и Албанци и останати. И христијани и муслимани. За жал, водеа една таква кампања која што не доликува за 21 век, но тоа е што е. Тие ценат дека така ќе добијат градоначалник повеќе во Брвеница, истакна премиерот.

Мицкоски рече дека таквите политичари имале можност повеќе од две децении да направат нешто, но оставиле нула.

-Мојата порака и до жителите на Брвеница и до македонската јкавност е дека кога одлучуваат за кого да го дадат својот глас треба да одлучуваат дали да го дадат за оние кои што имнаа можност во минатото повеќе од две децении да направат нешто, а не направија ништо, односно оставија нула и за овие кои што сега прават се ко што во минатото не било направено и тука нема етничка поделба. Заради тоа, јас би скал уште еднаш да упатам порака до жителите на Брвеница и до жителите на Македонија дека ако сакаме да одиме напред мораме да зборуваме за проект повеќе и да зборуваме за додадена вредност во квалитет на животот на граѓаните, а не да се враќаме на полиотики на минатиот век, појасни Мицкоски.

Премиерот очекува изборниот ден да помине мирно и без инциденти и со тоа да покажеме де сме здрела демократија.

-Тие се гума за спасување на политичари кои припаѓаат во минатиот век и тие така ја гледаат оваа кампања во Брвеница. Но, на крајот на денот во недела ќе видиме каков ќе биде резултатот. Очекувам да мине мирно, да нема инциденти и на тој начин да покажеме дека сме здрела демократија, што всуштост и го покажуваме биидејќи, мирот кај нас не доведен под знак прашалник додека во околината, во соседството и насекаде во европа имаме прилично тензична состојба во одредени глрадови, рече Мицкоски.