Регион

(ВИДЕО) „УРСУЛА, НЕ СИ ДОБРЕДОЈДЕНА“: Демонстранти во Варна го гаѓаа автомобилот на Фон дер Лајен со јајца

Урсула фон дер Лајен беше пречекана со протест во Варна. Демонстранти ја гаѓаа колоната со јајца, овошје и зеленчук, барајќи мир и противејќи се на еврото.

(ВИДЕО) „УРСУЛА, НЕ СИ ДОБРЕДОЈДЕНА“: Демонстранти во Варна го гаѓаа автомобилот на Фон дер Лајен со јајца
foto - The Daily Jagran - yt

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, беше пречекана со протести при посетата на бугарскиот град Варна, каде демонстранти ја гаѓаа нејзината колона возила со јајца, овошје и зеленчук. Протестот го организираа приврзаници на националистичката партија „Преродба“ пред Военопоморската академија „Никола Јонков Вапцаров“. Учесниците извикуваа дека Фон дер Лајен не е добредојдена и порачаа дека Бугарија не треба да биде вовлечена во војната во Украина.

„НАТО надвор“ и пораки против војната

На транспарентите беа испишани пораките „НАТО надвор“, „Сакаме нашите деца да живеат во мир“ и „Работа, а не војна“. Дел од демонстрантите се спротивставија и на воведувањето на еврото, барајќи Бугарија да ја задржи националната валута – левот. Со протестот тие ги изразија своите ставови против военото ангажирање и промените во монетарниот систем на земјата.

Најавена европска помош за безбедноста во Варна и Црното Море

Посетата на Фон дер Лајен беше посветена на безбедноста во Црното Море. Таа најави 50 милиони евра европска помош за формирање заеднички центар за поморска безбедност на Бугарија и Романија, како и дополнителни 10 милиони евра за зајакнување на бугарските капацитети за пребарување и спасување на море.

 

Жан Митрев