Спорт

НЕ КАЖАА НИТУ „СЕВЕРНА“: Ираклис со провокација го најави дуелот со МЗТ – Доаѓаме во „Скопје“ да ја отвориме европската сезона

НЕ КАЖАА НИТУ „СЕВЕРНА“: Ираклис со провокација го најави дуелот со МЗТ – Доаѓаме во „Скопје“ да ја отвориме европската сезона

Грчкиот кошаркарски клуб Ираклис со провокација го најави утрешниот дуел со МЗТ Скопје Аеродром во ФИБА Европа Купот. Во официјалното соопштение на грчкиот клуб дури пет пати се употребува терминот „Скопје“, додека ниту еднаш не се користи името „Северна Македонија“. „Европското патување на Ираклис оваа година започнува во Скопје“, стои во најавата на клубот за натпреварот со МЗТ. Партнерот на тренерот на Ираклис, Ставрос Евгениадис, дополнително наведува дека МЗТ Скопје Аеродром е „тим со база во Скопје“, чии играчи се и „рбетот“ на нивната национална репрезентација.

Грчкиот тим утре ќе гостува во СЦ „Јане Сандански“, каде што натпреварот е закажан за 19:00 часот, а денеска го одработил последниот тренинг во Иваново пред заминувањето за Скопје. На трибините се очекува да има и околу 100 гостински навивачи од Грција, кои ќе го бодрат својот тим. МЗТ Скопје, пак, по повеќе од 25 години повторно ќе настапи на европската сцена. На трибините ќе бидат верните „Фемили Аеродром“ и многу македонски навивачи. Аеродромци повикуваат на масовност.

КАМБЕК ПО ЦЕЛИ 25 ГОДИНИ: МЗТ Скопје се враќа во европските натпреварувања, потврдено учеството во ФИБА Европа Купот