Спорт

КАМБЕК ПО ЦЕЛИ 25 ГОДИНИ: МЗТ Скопје се враќа во европските натпреварувања, потврдено учеството во ФИБА Европа Купот

МЗТ Скопје ФИБА Европа Купот ќе го игра во сезоната 2026/27, со што клубот се враќа на европската сцена по пауза од 25 години.

КАМБЕК ПО ЦЕЛИ 25 ГОДИНИ: МЗТ Скопје се враќа во европските натпреварувања, потврдено учеството во ФИБА Европа Купот

„Сино-белите“ повторно на европска сцена

МЗТ Скопје Аеродром во сезоната 2026/27 ќе настапува во групната фаза на ФИБА Европа Купот, со што клубот се враќа во европските натпреварувања по пауза од две и пол децении.

„Сино-белите“ во новата сезона ќе имаат сериозен предизвик, бидејќи ќе играат на три фронта – ФИБА Европа Купот, АБА2 лигата и домашната Суперлига. Последниот настап на МЗТ под капата на ФИБА беше во сезоната 2000/01, кога скопскиот клуб беше дел од Купот Кораќ.

Аеродром повторно ќе живее за европска кошарка

МЗТ Скопје ќе биде еден од 24-те клуба со директен пласман во групната фаза на ФИБА Европа Купот. Тоа значи дека во Скопје повторно ќе се игра европска кошарка, а навивачите ќе имаат можност да гледаат најмалку десет натпревари против квалитетни противници.

Ждрепката за групната фаза ќе се одржи на 16 јули во Минхен, по што ќе бидат познати ривалите на македонскиот шампион. Ова е голем момент за клубот, за Аеродром, но и за македонската кошарка, која повторно добива свој претставник на европската сцена. Редно време е во Аеродром да се вратат „старите добри времиња“, а песната „Срцево ми чука“ повторно да ечи од трибините во салата „Јане Сандански“.

ОЗНАКИ: МЗТ Скопје